Чиј гордост е побрза – „набилданото“ Lamborghini или „обичниот“ McLaren? / ВИДЕО
И покрај се поголемата еколошка свест и намалувањето на загадувањето, пазарот на суперавтомобили последниве години едноставно цвета, а меѓу сите тие спектакуларни модели се и овие два
Станува збор за „набилданата“ гордост на Lamborghini, моделот Aventador SVJ и „обичниот“ McLaren 720S во директен судир на патека.
Погонот на Aventador SVJ e 6.5-литарски V12 со 760 КС и 720 Nm, што е доволно за забрзување од 0-100 km/h за 2.8 секунди пи максимална брзина од 350 km/h.
Од друга страна, чедото на McLaren под хаубата има 4.0-литарски twin’turbo V8 со 710 КС и 770 Nm. Овој модел е полесен и тоа за околу 200 кг, но забрзувањето е исто така 2,8 секунди, а максималната брзина – 341 km/h.
Кој е побрз во трката на забрзување? Погледнете во приложеното видео.