Германскиот премиум производител Audi претстави четири нови plug-in хибридни модели (PHEV) кои својата официјална премиера ќе ја имаат на авто салонот во Женева следната недела

Станува збор за моделите Q5 TFSI e, A6 TFSI e, A7 Spotback TFSI e, сите три во по две верзии Comfort и Performance, како и A8 TFSI e.

Сите модели се означени со TFSI e, бидејќи ознаката e-tron е резервирана за целосно електричните модели.

Новите PHEV модели добиле мотори со директно вбризгување кои работат заедно со електричен мотор кој е интегриран во трансмисијата.

Единствен кој ќе има погон на сите тркала е моделот A8 TFSI e.

Спортските варијанти Q5, A6 и A7 имаат S line екстерен пакет како стандард, благо подесена суспензија, подинамично управување, спортски детали на ентериерот …

Батериите во новите хибриди имаат капацитет од 14,1 kWh кој обезбедува автономија до 40 km само на струја, според новиот WLTP протокол, а автономијата ќе варира од модел до модел.