Четири едноставни решенија да се избегне проблемот со замаглена шофершајбна и прозорци
Процентот на влажност во воздухот станува се поголем, а со тоа доаѓаат и проблемите со замаглени прозорци во автомобилите. Не очајувајте, има неколку начини за лесно решавање на овој проблем.
Исчистете ги прозорците одвнатре
Борбата против замаглените прозорци треба да започне со правилно чистење на стаклото од внатрешноста на возилото. Често го забораваме овој дел при перење на автомобилот, а тоа е грешка. Масните наслаги што се акумулираат на површината го забавуваат испарувањето. Добро исчистените прозорци одвнатре можат да дадат изненадувачки добри резултати, особено кај автомобилите во кои се пуши. Најдобри резултати се постигнуваат со чистење со обичен чистач за стакло, оној што се користите и дома (по можност безбоен со алкохол), тоалетна хартија или просто новинарска хартија.
Заменете го филтерот за воздух
Ако прозорците продолжат да се замаглуваат и по чистењето на прозорците (секако во помала мера), се препорачува да го проверите филтерот за воздух. Нечистотиите и остатоците од лисја кои се собираат таму, ефикасно ја собираат и задржуваат влагата за време на дождливо време, која се претвора во водена пареа која се таложи на површината на стаклото кога се активира протокот на воздух. Во повеќето автомобили, заменувањето на овој филтер е лесно. Инструкциите за замена обично се наоѓаат во кутијата од новиот филтер за воздух.
Ослободете се од влагата и исчистете ја со правосмукалка внатрешноста
За време на врнежливи периоди, со чевлите и облеката при влегување во автомобилот внесуваме големи количини на вода. Тапацирот и душеците апсорбираат влага, затоа препорачуваме гумени патосници текот на есента и зимата. Ако го користите автомобилот за кратки патувања, при кои автомобилот не може правилно да се загрее, насобраната вода нема да испари. Во некои продавници се достапни специјални средства за одвлажнување, но поевтин и побрз начин е користење дебели слоеви од дневни весници (хартијата што се користи за печатење на дневни весници најдобро ја апсорбира влагата). Ставете ја под прекривките, патосниците,, во багажникот и оставете ја во возилото 2-3 дена. Исто така, препорачливо е по долго патување, темелно да го проветрите автомобилот со отворање на сите врати 2 до 3 минути. Следниот чекор треба да биде темелно усуисување на внатрешноста.
Користете го клима уредот
Ако имате климатизација во вашиот автомобил, користете ја дури и ако греењето на автомобилот е вклучено. Во повеќето возила, по десет секунди работа на клима уредот, пареата исчезнува од прозорците. Системот, додека работи, брзо го отстранува вишокот на влага, придонесувајќи за одмаглување на прозорците. Покрај тоа, вклучувањето на климатизерот во зима го штити компресорот од абење и дефекти чија поправка чини многу.