Четири децении заборавено во гаража: BMW 507 од 1957 година продадено за рекордна сума!
По купувањето, 507 бил однесен директно во скромна гаража, каде што останал повеќе од 40 години – само одвреме-навреме бил стартуван
1957 BMW 507 Series II Roadster, Bonhams
Колку стар автомобил е поредок и попознат, толку е поголема неговата цена. Сетете се на разните Bugatti модели од 1930-тите или Ferrari 250 GTO. BMW 507 е исто така скап, бидејќи во периодот од 1956 до 1959 година се произведени само 252 примероци. Еден таков многу посебен 507 деновиве на акукција е продаден за многу пари.
Моделот 507 е најскапиот класичен автомобил на BMW, веројатно поради неговата прекрасна форма дизајнирана од Албрехт Граф Герц, или можеби поради фактот што самиот „крал“ Елвис Присли возел таков, исто како и Ален Делон. Редок примерок на гламурозниот спортски автомобил предводник на BMW од 50-тите, 1957 Series II Roadster, бил скриен во гаража во Филаделфија повеќе од четири децении.
По изложувањето на аукцијата Bonhams Audrain Concours, автомобилот е продаден за 2,315 милиони долари, што било врв на аукцијата. По оваа цена би требало да биде беспрекорен примерок со најдобра оценка, но во овој случај јасно пресудила посебната историја. Овој 507 бил во сопственост на еден човек цели 43 години, а бил купен од неговиот татко во 1979 година.
Невообичаено за таков гламурозен автомобил, овој 507 бил однесен директно во скромна гаража, каде што останал повеќе од 40 години – само одвреме-навреме бил стартуван. Токму поради претходно наведеното, не е ни чудо што овој таканаречен „barn find“ предизвикал голема возбуда во Меѓународната тениска куќа на славните во Њупорт, каде што Bonhams, како партнер на аукцијата на Audrain Newport Concours & Motor Week, ја организирал аукцијата.
„Овој автомобил беше откритие од соништата. Навистина е неверојатно што толку важен спортски автомобил можеше да се крие во гаража повеќе од 40 години. Тоа беше суштинско откритие во штала од милион долари – и овој 507 претставува одлична можност за неговиот нов сопственик“, вели Ерик Миноф, виш специјалист во Bonhams US Collector Cars, кој го пронашол и го испратил BMW-то.
Друг бестселер на аукцијата бил Mercedes-Benz 300 SL Roadster од 1958 година, кој му конкурирал на 507 во неговиот најславен период, а ја постигна втората највисока вредност со седумцифрена цена од 1.077.500 долари.