На прва делува како Ford да ги исмева возачките способности на понежниот пол

На Меѓународниот ден на жената, 8 март, Ford започна кампања наречена „Ford Explorer – само за мажи“.

Видеото започнува со објаснување дека „Ford Explorer само за мажи“ е сосема поинакво возило: без навигација, клима уред, трепкачи, бришачи, дури и без стоп светло!

Рекламата на почетокот изгледа многу сурово, особено ако ги потенцира предрасудите за возачките способности на понежниот пол.

Сепак, во продолжение на видеото работите стануваат појасни.

Имено, Ford со оваа реклама им се заблагодарува на жените кои учествуваа во развојот на сите споменати елементи, а во официјалното соопштение на компанијата се наведува:

„Во месецот на жената, Ford ќе ги нагласи достигнувањата и придонесите на женските иноватори во минатото и сегашноста. На овој начин го истакнуваме придонесот на жените во автомобилската индустрија. Нема греење, стоп светла и GPS? Нема шанси дека би биле овде каде што сме денес и нема шанси да продолжиме без нив“, наведува американската компанија.