Визуелно импресивен, радикално лесен за ракување и исклучително желен за учење: MBUX хипер-екранот е еден од најважните елементи во EQS.

Претставен во 2018 година во сегашната А-класа, повеќе од 1,8 милиони патнички автомобили на Mercedes се опремени со овој систем на патиштата ширум светот. Пред неколку месеци, втората генерација на овој систем способен да учи дебитираше во новата S-класа, а следниот голем чекор следи во форма на новиот EQS и опционално достапниот MBUX Hyperscreen.

„Со нашиот MBUX Hyperscreen, дизајнерската визија станува реалност“, вели Горден Вагенер, главен директор за дизајн на групацијата Daimler. „Ние ги комбинираме технологијата и дизајнот на фасцинантен начин која на клиентот му нуди невидено лесна употреба. Ние ја сакаме едноставноста, затоа е сега и ова ново ниво на MBUX”

Еве и четири од многуте примени:

Корисникот може да го прифати или одбие соодветниот предлог со само еден клик:

  • Ако секогаш повикувате одреден пријател на пат кон дома во вторник навечер, ќе ви биде предложено да упатите соодветен повик тој ден од неделата и во тоа време од денот. Ќе се појави визит картичка со информации за контактот и – доколку е зачувана – ќе се појави и неговата / нејзината слика. Сите предлози на MBUX се поврзани со кориснички профил. Ако некој друг го вози EQS во вторник навечер, оваа препорака нема да биде дадена – или постои друга, во зависност од преференците на другиот корисник.
  • Ако возачот на EQS редовно ја користи функцијата за масажа по принципот топол камен, системот учи и автоматски ја предлага оваа удобна функција на ниски температури.
  • Ако, на пример, корисникот редовно го вклучува греењето на воланот и другите површини за греење на седиштата, ова се предлага веднаш штом ќе се притисне греење на седиштата.
  • Шасијата на EQS може да се подигне за да се обезбеди поголемо растојание од подлогата. Корисна функција за стрмни влезови во гаражата или за „лежечки полицајци“. MBUX ја памети положбата од GPS-от каде корисникот ја користел функцијата „Подигање на возило“. Ако возилото повторно се приближи до положбата на GPS, MBUX автоматски предлага да се подигне EQS.