Илон Маск официјално го „престигна“ Бил Гејтс и стана втората најбогата личност во светот

Дали е на дофат и првото место…

Според индексот на милијардери на Bloomberg, Илон Маск забележа раст на нето вредноста на своето богатство од околу седум милијарди по што истото се проценува на скоро 128 милијарди долари, пред се поради растот на пазарната вредност на Tesla која достигна околу 500 милијарди долари.

Само минатата недела беше објавено дека богатството на првиот човек на Tesla се зголемило за повеќе од 15 милијарди долари.

Зголемувањето на богатството на Маск го става на второто место на листата на најбогати луѓе на планетата, по Џеф Безос, кој во моментов е најбогатата личност на светот, со нето вредност од 182 милијарди долари.

Во јануари 49-годишниот Маск беше на 35-то место на оваа листа, за да за помалку од една година заработи повеќе од 100 милијарди долари.