Идејатa за уште еден модел на Bugatti – покрај хиперспортскиот двосед – постои повеќе од една деценија, но и да се случи, тоа нема да биде SUV модел

До друг модел во гамата, Bugatti беше најблиску во 2009 година кога беше претставен концептот на луксузниот седан 16C Galibier. Овој проект, во меѓувреме е тргнат на страна, а компанијата се фокусираше на тогашниот наследник на Veyron – Bugatti Chiron.

По лансирањето на Chiron, приказната за втор модел повторно стана актуелна, но овој пат во форма на SUV. Шпекулациите беа „подгреани“ со изјава минатата година од страна на директорот на Bugatti, Стефан Винкелман, кој во октомври призна дека францускиот производител размислува да влезе во SUV сегментот.

Тогаш првите луѓе на Bugatti се обидоа да ги убедат акционерите да го одобрат проектот наречен SUV модел, прв во историјата на компанијата, со образложение дека седаните веќе не се толку популарни и Bugatti crossover или SUV, секако, би поминал подобро на пазарот.

Сепак, 2019 година, донесува пресврт во оваа приказна. Од Bugatti велат дека нема да прават SUV за да не се наштети на традицијата и угледот на брендот.

„Нема да има на SUV со значката на Bugatti, бидејќи тоа би нанело неправда на историското наследство на компанијата“, се вели во соопштението потпишано од Винкелман.

Иако од Bugatti со изјавата се повеќе од јасни во однос на шпекулациите за SUV модел, тоа не значи дека вратата е затворена за уште еден нов модел, па така веќе споменатиот седан во наредните години сепак е можна опција.