На 19 август Bugatti ќе претстави нов модел на Неделата на автомобили во Монтереј (Monterey Car Week)

Иако не е официјално потврдено, се очекува дека моделот всушност ќе биде нова варијанта на Chiron.

Од производителот не се објавени никакви детали за перформансите, но се очекува 8.0-литарски W16 мотор со четири турбо полначи и 1587 КС од Bugatti Chiron Super Sport 300+.

Дополнително, овој сè уште неименуван нов Bugatti, ќе има слична цена на Chiron Super Sport 300+, што значи дека ќе чини околу 3,1 милиони фунти.

Секако, планирана е ограничена серија, за да се одржи ексклузивноста на високо ниво.