Покрај освежениот амблем на компанијата, ажуриран е и корпоративниот идентитет на Bugatti. На овој начин, производителот на хиперавтомобили од Франција, повторно ја осмисли својата уникатност, за што во голема мера помогнала познатата консултантска куќа Interbrand

Промената е очигледна, иако амблемот сè уште ги носи обединетите букви „Е“ и „Б“, но тие сега се во модерно дводимензионално издание. Фонтот е малку „поконцизен“ фонт, барем така наведуваат од Bugatti. Во исто време, компанијата го менува пристапот кон производите, па отсега брзината на возилото „не е толку важна“, колку „ултралуксузноста“ и можноста за производство благодарение на што Bugatti треба да добијат пристап до многу поширок круг на потенцијални клиенти.

„Светот и економијата се менуваат, а исто така и Bugatti“, се вели во соопштението за печатот потпишано од компанијата. „Брендот од Молсхајм се развива и повеќе не може да се смета за ексклузивен производител на хиперавтомобили, палетата се шири, а компанијата освојува нови производи и нови технологии на автомобилската индустрија. Новиот корпоративен идентитет и дизајн на Bugatti се клучни елементи на тековната еволуција“.

Паралелно со процесот на ребрендирање, новиот корпоративен дизајн на брендот Bugatti е повпечатлив и понапреден и го открива правецот во кој оди компанијата. Воедно, се наведува дека компанијата ќе продолжи да презентира уникатни производи, следејќи ја визијата на основачот, познатиот Еторе Бугати.

Во овој дух говори и Хендрик Малиновски од позицијата директор за продажба и маркетинг на Bugatti Automobiles, па вели дека професионалците на компанијата биле принудени да се свртат кон важен настан во историјата на брендот, мислејќи на појавата на Veyron од првата деценија на овој милениум, како и воведувањето на Chiron. 

„Светот се промени за неколку децении“, признава Малиновски. „Присетете се, кога беше претставен Veyron, iPhone не ни постоеше.