Bugatti дефинитивно станува хрватски?!
Bugatti е познато име во автомобилската историја, воедно и производител на мали серии во транзицијата од SUS мотори на електричен погон, поле каде Rimac може да биде од голема помош …
Bugatti La Voiture Noire
Последните месеци многу се пишуваше за деловната „комбинаторика“ во рамките на групацијата Volkswagen и соработката на Porsche со хрватската компанија Rimac Automobili, која треба да стане (мнозински) сопственик на Bugatti.
Германскиот Manager магазин деновиве се занимаваше со оваа тема, објавувајќи што би требало да се случи со познатиот француски производител на хиперспортски автомобили, во рамките на групацијата Volkswagen.
Според магазинот, Bugatti прво треба да биде преземен од Porsche, а потоа таа сопственост да стане дел од заедничката компанија која производителот од Штутгарт ќе ја основа со Rimac Automobili.
Porsche ќе биде сопственик на 45 проценти од новата компанија, додека Rimac ќе има удел од 55 проценти. Потсетување дека Porsche веќе поседува 24 проценти во Rimac Automobili.
Комплетната работа треба да се финализира оваа есен.