Легендарниот Енди Валас повторно седнал зад воланот за да го постави Bugatti онаму каде што му е местото – на тронот како најбрз во светот

Само неколку дена откако Top Gear објави видео од возењето на производствениот Chiron Sport на тест патеката Ehra-Lessien на Volkswagen, за време на кое брзинометарот се искачил до 423 km/h, од истата писта пристигна нова видео клип.

Овој пат, на патеката се нашол модифициран Chiron Sport, развивајќи брзина од над 490 km/h или точно 490,48 km/h! Зад воланот бил тест возачот Енди Валас, а рекордот официјално е потврден и од германскиот ТÜВ.

По повод ова големо достигнување, првиот човек на Bugatti за британскиот Top Gear вели дека ова е последен срушен рекорд. По ова достигнување, тие официјално се повлекуваат од трката за најбрз сериски автомобил. 

„Во неколку наврати покажавме дека произведуваме најбрзи автомобили во светот. Во иднина, нашиот фокус ќе биде на други области“, вели Винкелман.

Неколку збора и за автомобилот. Станува збор за прототип, 25 сантиметри подолг од стандардниот модел, а поради намалување на отпорот го загубил задното крило и воздушната сопирачка. Нов е и завршетокот на издувот, додека од напред е променет предниот браник. Механиката, односно менувачот и погонот, останале исти како кај стандардниот модел, додека моторот е засилен до 1.600 КС.

Последните шпекулации велат дека овој прототип е всушност е пред-продукциска верзија на Super Sport, а која најверојатно ќе биде понудена во ограничено издание.