Брус Вилис повторно „Умира машки“, овојпат заради реклама за акумулатори / ВИДЕО
Актерот уште еднаш се најде во култната улога на Џон Меклејн
Холивудската ѕвезда Брус Вилис уште еднаш се најде во култната улога на Џон Меклејн, но не во новата епизода од познатиот серијал „Умри машки“, туку во реклама за акумулатори кои го носат истото име како и филмот – Die Hard.
Во видеото во трање од две минути, Брус Вилис повторно се соочува со неговите стари непријатели, се среќава со стари пријатели, а се со цел да може да го стартува својот автомобил. „Џон Меклејн“, нормално, ништо неможе да го сопре…
Во рекламата се појавуваат и некои од ликовите од добро познатиот серијал. Епизодна улога има Деворо Вајт (шоферот на лимузината од првиот дел), како и Кларенс Гилард – хакерот Тео од исто така од првиот филм.
https://youtu.be/W7kFGGFI9Xo
Објавувањето на рекламата ги засили шпекулациите дека ќе има продолжение на „Умри машки“, иако Брус Вилис повеќе и не е толку млад за улога од типот на Џон Меклејн. Во таа насока е и еден од коментарите за видеото: „Ова е секако подобро од „Умри машки 5“.