Верзијата Turbo S E-Hybrid доаѓа со импресивни 700 КС

Porsche во текот на летото започна со производство на обновената Panamera. Тогаш, на врвот од гамата се најде новата модификација Turbo S со 620 коњски сили. Сега, германската компанија го понуди и новиот Turbo S E-Hybrid, кој со своите 700 КС е неприкосновен шампион кога станува збор за моќност.

Panamera Turbo S E-Hybrid комбинира 4-литарски V8 со 571 КС и електричен мотор со моќност од 136 КС (100 kW) со 8-брзински автоматски менувач со двојна спојка. Системот овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 3,2 секунди, што е подобрување за две десетинки во однос на претходникот. Зголемена е и максималната брзина – 315 (+5 km/h).

Porsche го зголемил и капацитетот на батеријата – 17,9 kWh (претходно 14,1), па истата овозможува автономија на електрична енергија до 50 км по WLTP циклусот. Со цел поефикасно управување оптимизирани се и различните погонски режими на автомобилот. Фабрички декларираната комбинирана потрошувачка на гориво е 2,7 – 2,8 l / 100 km, додека емисиите на CO2 – 63 – 62 g/km.

Паралелно со лансирањето на Panamera Turbo S E-Hybrid, Porsche воведе уште две модификации на моделот: поосновната plug-in-хибридна Panamera 4 E-Hybrid, како и конвенционалната Panamera 4S. Во првиот модел, истиот електричен мотор од 100 kW е комбиниран со 2.9-литарски битурбо V6 со 330 КС. Моќта на системот е 462 КС, што овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 4,4 секунди (-0,2) и максимална брзина од 280 km/h (+ 2 km/h).

Panamera 4S се потпира и на 2.9-литарскиот V6, но во овој случај има максимална моќност од 440 КС. Тоа овозможува подобро забрзување до 100 km/h од оној на малиот хибрид – 4,1 секунда, со пакетот Sport Chrono. Максималната брзина на моделот е исто така поголема – 295 km/h и стандардно е опремен со стилскиот пакет Sport Design, кој беше опционален во претходникот.

Трите нови модификации се разликуваат со посебни акценти во дизајнот на предниот дел, како и со посебни бои на каросеријата и различни модели на тркала. Како и другите понуди во палетата на Panamera, овие верзии ќе бидат достапни со нормално и продолжено меѓуоскино растојание, како и во верзија Sport Turismo.