Бројка за историја. Toyota Corolla изброи до 50 милиони!
На прашањетo, „кој е најпродаван автомобил во историјата“, можете да добиете онолку одговори колку што би имало испитаници
Некои ќе речат дека таа чест му припаѓа на моделот Volkswagen Type 1, или народски познат како „Буба“, кој беше продава во период од над шест децении, без поголеми промени. Сепак, славниот германски ас претрпе одредени промени, што значи дека доколку се почитуваат таквите теории, изборот ќе падне на Ford Model Т.
Како и да е, мислењата се едно, бројките нешто друго. Во моментов, јапонскиот компакт е апсолутен лидер, и во денешно време наоѓа повеќе купувачи од кој било ривал. Формулата за успех е многу едноставна и претпоставува дека мора да се обезбеди допадлив дизајн и опрема, извонреден квалитет и сигурност, а сето тоа по многу прифатлива цена. Кој бара најефикасно возило за превоз од местото А до местото Б, тешко дека ќе најде подобар избор. Барем така велат и размислуваат во Toyota.
Toyota штотуку прослави уште еден голем јубилеј и се однесува на фактот дека вкупната продажба на Corolla ја надмина бројката од 50 милиони единици. Најголемиот светски производител не спомена каде завршил „рекордерот“ и малку е изненадувачки што е продаден на приватен купувач, наместо да заврши во музеј.
Вториот на листата, легендарниот Volkswagen Golf, заостанува „само“ десет милиони, но во исто време e помлад осум години. Меѓутоа, додека Corolla продолжува да бележи фантастични продажни резултати, Golf полека го губи својот терен, поради тековната инвазија на кросовери, а прашање е колку долго ќе биде на пазарот. Покрај тоа, додавањето на нови верзии како што е Corolla Cross може само да и помогне на ситуацијата во однос на (квантитативната) предност на Јапонците во однос на германскиот компакт.
Треба да се знае дека јапонскиот компакт се продава во над 150 земји низ светот, а во моментов се произведува во дури дванаесет фабрики. Интересен детал е дека Corolla наоѓа купувач на секои 28 секунди, и фактот дека покрај домашната Јапонија, моделот е исклучително популарен и во Кина и Америка. По домашниот пазар, првиот пазар во странство за Corolla бил австралискиот (ноември 1966 година).