Британците ја тестираа новата стара Lada Niva и се изненадија / ВИДЕО
Британскиот Carwow неодамна го тестираше Bugatti Chiron, за сега на Мет Вотсон да му биде дозволено да седне зад воланот на најпознатиот руски автомобил.
Станува збор за Lada Niva, сега со додатокот Legend во името. Иако историјата на моделот датира од 1970-тите и оттогаш останала во основа иста, Niva е еден од моделите кој сè уште е познат како најдобро теренско возило.
Важно е што Niva се уште се продава, а во Британија чини 17.595 фунти, што е приближно два и пол пати повеќе од цената на домашниот, руски пазар. Во својот тест, Вотсон се заснова на непроменетиот дизајн, сега малку помодерен ентериер и побогата опрема. Најголем недостаток е тесниот простор и малиот багажник од само 265 литри.
Вотсон целосно непотребно го испитува забрзувањето на возилото. Бензинската 1.7-литарска единица со 83 КС, зборот спорт го нема во гените, но затоа ги покажува своите квалитети на друго место. Ако некој е заинтересиран, тој достигнал 96 km/h по дури 19,09 секунди. Сепак, на тежок терен приказната е нешто сосема друго.
Вотсон на крајот резимира дека повеќето треба да ја заобиколат Niva, но не сите. Ако сакате посебни и малку чудни автомобили Niva е вистинската работа.
Наследникот доаѓа во 2024 година.