Британски магазин: Што и да прави Bugatti, Nevera е три пати подобра / ВИДЕО
Последниот тест ги спротивставува уникатните два производи на групацијата Bugatti-Rimac кои го претставуваат најдоброто во автомобилската индустрија, велат авторите на ова видео
Последниот во низата промотивни тестови е во режија на магазинот Evo, кој ги споредува двата најдобри членови на своите светови. Од една страна е Bugatti Chiron Super Sport, претставник на хипер спортските автомобили на фосилни горива, еден вид „диносаурус“ од автомобил, како што го нарекува водителот и поранешен тркачки возач Стив Сатклиф. Тој го оценува Chiron како нешто најдобро што некогаш го направила класичната автомобилска индустрија. Тоа е автомобил кој буквално ги поместува границите.
Сепак, тој има само зборови на пофалба и восхит за Bugatti:
„Нема ништо слично на Земјата. Ќе биде многу штета кога ќе престанат да ги прават. Ако бензинот ви тече низ вените наместо струја, секогаш ќе паѓате целосно на автомобил како овој со 8-литарски quad turbo W16 мотор и седумстепен менувач со две спојки што тежи два тона и може да достигне 482,7 km/h“.
Од друг агол доаѓа Rimac Nevera, најбрзиот електричен сериски автомобил од т.н. „hyper GT“ автомобили. И малку е да се каже дека Сатклиф е маѓепсан од овие автомобили.
И додека до неодамна се мислеше дека Bugatti ќе остане недопирлив, тука доаѓа Nevera. Водителот за него вели дека не само што е подобар од Chiron, туку буквално трипати подобар, во секој сегмент. Во морето пофалби се издвојуваат неколку реченици:
„Освен звукот, Nevera го разнесува Chiron Super Sport на секој начин. Чувството (во Nevera) е како да ќе ви падне лицето. Искрено, Chiron ви се чини како комбе Transit (Ford). Тоа значи автомобил како Chiron, со 1.600 КС, некогаш се сметаше за најбрзиот автомобил во универзумот, сега падна на второто место, и не со мала разлика. Оваа работа (Невера) целосно го оддува Chiron на рамно, свиоци, управување и сопирање. .. насекаде. Што и да се обиде да направи Chiron, Nevera го прави три пати подобро“.
Сатклиф резимира како компанија, стара само десет години, оставила зад себе познат бренд со повеќедецениско искуство во производството на автомобили, но станал и партнер на најголемите производители во светот. Најголем куриозитет е што авторот на најбрзиот електричен автомобил како дел од новооснованиот концерн директно ќе учествува во создавањето на наследникот на Chiron.
Конечната пресуда за тоа кој автомобил е подобар сепак е само на Вас. На крајот само дополнување дека видеото е снимено на островот Паг, Хрватска.