BMW X3 M и X4 M подготвени за производствo / ФОТО
Вестите поврзани со BMW Х моделите не престануваат да доаѓаат
Маскираните предпроизводни прототипови
По закажаната премиера на X7, пласирањето на X2 M35i и X5 xDrive 45e, вестите поврзани со BMW Х не престануваат да доаѓаат. Имено, кон портфолиото на моделите со повисок клиренс се придружуваат моделите X3 и X4 во М издание.
Баварците сè уште не се подготвени да соопштат детали за првите X3 M и X4 M досега. Сепак, се знае дека погонската единица е новиот турбо шест-цилиндерски агрегат од Баварците, поврзан со соодветно сетиран xDrive погон.
Моторот е под кодно име S58, така што тоа е во суштина B58 со М третман, со зафатнина од 3.0 литри и најмалку 450 КС, иако има гласини и за 475 КС во Competition пакетот. Новата генерација на овој мотор свое место, освен под хаубата на X3 М и X4 M, ќе најде и во новата генерација на M3 и M4.
Освен погонската единица, моделите со високи перформанси SAV / SAC M ќе делат и активен заден диференцијал, како и голем број на други М компоненти.
Сè уште не е познато кога „маските“ и официјално ќе паднат, но тоа секако треба да се случи до крајот на годината.