Со промоцијата на новиот електричен автомобил како концепт, некако тивко и прилично незабележливо мина и премиерата на новото лого на компанијата.

На овој начин, BMW i4 ја продолжува мисијата за усогласување на очекувањата на автомобилската јавност со она што навистина се „подготвува“ во компанијата.

Пропелерот сè уште е тука, но во радикално изменета форма. Во BMW се одлучиле да го модернизираат логото на сличен начин како и во Volkswagen – го поедноставиле.

Со таквата модернизација, компанијата сака да се доближи до помладата генерација на клиенти кој расте во дигитално време. 

„BMW станува бренд со кој се поврзувате. Стариот црн прстен за прв пат е отстранет и сега новото лого зрачи со отвореност и јасност“, вели Јенс Тимер, виш потпретседател на BMW.

Паралелно со главното лого, ќе се модернизираат и ознаките на М одделот, како и подмарката „i“.

Потсетување дека ова е шести пат како брендот го менува своето лого. Тоа последен пат се случи во 1997 година. Сепак, оваа промена е една од најрадикалните досега.