BMW се пофали: еден милион испорачани електрифицирани автомобили, од кои 70 проценти се хибридни
Компанијата и понатаму се противи на целосна забрана за автомобили со мотори со внатрешно согорување
Германскиот производител на автомобили BMW објави дека има продадено еден милион електрифицирани возила и планира да достигне вкупна продажба од два милиони EV возила до 2025 година.
„Околу 70 отсто од продадените електрични возила досега се хибридни“, изјавил членот на одборот Питер Нота на тркалезна маса со новинарите, додавајќи дека компанијата верува дека хибридните модели ќе продолжат да играат важна улога, особено за клиентите за кои полнењето не е достапно.
Во обид да ги намали емисиите на стакленички гасови, BMW долго време се залагаше за инвестирање во низа технологии и не се фокусираше само на електрични автомобили на батерии. Исто така, компанијата се противи на тотални забрани за купување автомобили кои имаат мотори со внатрешно согорување.
Баварците имаат намера до 2030 година најмалку 50 отсто од нивната глобална продажба да бидат целосно електрифицирани возила, но тој постојано повторува дека недостатокот на инфраструктура за полнење е главна пречка за побрзо прифаќање на електричните возила.
Продажбата на BMW во ноември беше малку под нивото од минатата година, бидејќи недостигот на чипови продолжува да ја ограничува понудата. Но, компанијата е уверена дека ќе успее да постигне раст на приходите во однос на минатата година.