Плановите на BMW откриваат дека е започнат широк план за подготовка на германската економија за откажување од рускиот гас со рационализација на достапните залихи во случај на ненадеен прекин на испораките

BMW размислува за активирање на нови инвестиции во областа на соларната и геотермалната енергија, како и во областа на развој на употребата на водород како извор на енергија. Сето ова би било направено со цел да се ублажи зависноста од природниот гас, со предупредување дека забраната за увоз на руски гас ќе ја доведе индустријата во Германија до колапс и целосно запирање.

Производителот на автомобили размислува каде да инсталира соларни панели во фабриките и какви планови би можеле да се осмислат со локалните власти за транспорт на водород до погоните изградени во Лајпциг, Германија.

„Водородот е извонреден за да се намали побарувачката за гас“, вели Милан Недељковиќ, директор за производство во BMW AG. „Нашата индустрија сочинува 37% од вкупната потрошувачка на гас во Германија“, вели тој на прашањето што ќе се случи со производствените можности на BMW доколку се прекине снабдувањето со овој извор на енергија од Русија. „Не само BMW, туку и целиот сектор би запрел“.

Плановите на BMW откриваат дека е започнат широк план за подготовка на германската економија за откажување од рускиот гас со рационализација на достапните залихи во случај на ненадеен прекин на испораките.

Не само во Германија, новата фабрика на BMW во Дебрецен, Унгарија, ќе се потпира и на алтернативни извори на енергија, а според Недељковиќ, таа ќе биде првата фабрика за автомобили во светот што ќе функционира целосно без фосилни горива. „Главно ќе доаѓа од сончевата енергија“, вели Недељковиќ, додавајќи дека се анализира и можноста за потпирање на геотермална енергија.

Геотермалната енергија е постабилна од обновливите извори кои зависат од временските услови, но не е широко користена поради повисоките трошоци за имплементација и сложениот процес на добивање дозволи за дупчење на земјината кора, што е неопходно во овој случај.

Запрашан за потенцијалот за користење на нуклеарната енергија, која окупира околу половина од потрошувачката и потребите на соседна Унгарија, а која во моментов е исклучена од Германија, Недељковиќ вели: 

„Нуклеарната енергија може да биде стабилизирачки фактор, особено во турбулентни времиња. Ние се потпираме на обновливи извори во нашиот производствен процес“.