BMW размислува да го повлече Mini од Велика Британија
BMW остава отворена опција да го повлече Mini од островот ако Велика Британија не потпише договор за слободна трговија со ЕУ
Покрај фабриката Mini во Оксфорд, BMW поседува уште еден погон во кој ги произведува своите мотори. И таа фабрика е под знак прашање, а високорангираниот менаџер на баварскиот бренд, Питер Шварценбауер, за Reuters вели дека сé е подготвено за запирање на работата во оваа фабрика доколку британските власти не се договорат со ЕУ.
BMW веќе објави дека ќе го затвори погонот во Оксфорд на еден месец, а датум за прекин е 1 април. Ова кореспондира со чинот на напуштање на Европската унија, па очигледно е дека BMW сака да види како ќе се одвиваат работите во тие триесет дена.
Каде точно Mini би можел да се пресели во случај на заминување од островот, сè уште е нејасно. Најверојатно тоа би можело да биде една од веќе постоечките фабрики на групата BMW, но сосема е можно Германците да планираат да отворат нов објект, најверојатно во Источна Европа.