BMW е принуден од европскиот пазар да отповика околу 324.000 возила со дизел мотор за да го реши техничкиот проблем што веќе предизвика опожарување на автомобили во Јужна Кореја

Имено, поради грешка на модулот за рециркулација на издувните гасови, а кој е специфичен за моделите на компанијата BMW, во Јужна Кореја има 27 случаеви во кои агрегатот се запалил, што е причина баварската компанија од овој пазар да повлече околу 106.000 возила.

Токму поради ова, изјава даде и претседателот на одделот на компанијата во таа земја, Ким Хјо-Јун:

„Ние се извинуваме за фактот дека нашите возила предизвикаа загриженост и вознемиреност кај народот и властите, а кои се случиле поради неколку инциденти кои довеле до пожари во нивниот агрегат”, вели во извинувањето на компанијата, Ким Хјо-Јун.

Имено, до оваа недела, 13 сопственици на автомобили на BMW во Јужна Кореја поднеле приватна тужба против баварскиот производител, од кои секоја бара надомест на штета во износ од 4.000 евра, бидејќи според нивното мислење, возилото предизвикува страв.

Сега, се појави и соопштение дека BMW подготвува повик за сервисирање поради истиот проблем и на европскиот пазар, а дури 96.300 возила се наоѓаат во Германија.

Иако од компанијата веат дека знаат за овој проблем уште од 2016 година, дури во јуни оваа година го нашле решението за проблемот.

Што се однесува до информација за тоа кои автомобили имаат проблем, се вели дека наводно станува збор само за моделот 520i модел.