BMW поднел апликација која покажува дека има намера да произведе четири целосно нови електрични теренци

Станува збор за моделите iX6, iX7, iX8 и iX9, имиња кои се регистрирани во Германија, а кои го следат начинот на именување на електричните теренци на BMW.

Овие имиња првпат се појавија пред пет години, но пред да почне електрификацијата во индустријата. Апликацијата за заштита на името е показател дека BMW го интензивира развојот на својата понуда на електрични теренци.

Сите споменати модели се поголеми од моделот iX3, а iX6 е веројатно возило со средна големина, додека другите припаѓаат на full-size сегментот. Сепак, иако iX6 и iX7 лесно имаат смисла, помалку е јасно каква форма ќе имаат iX8 и iX9.

BMW iX6 би требало да биде електричен купе SUV со сличен дизајн на X6. Интересно, нема навестување за значката iX4, но гласините сугерираат дека овој модел навистина ќе пристигне за да го замени конвенционалниот X6 и дека ќе се базира на платформата Neue Klasse.

За iX6 се зборуваше и претходно, но неговото доаѓање се очекува дури во април 2028 година. Со оглед на тоа што веројатно ќе одговара на големината на iX, се очекува да биде придвижуван од два електромотори кои ќе испорачаат повеќе од 600 КС во најмоќната верзија. Можна е и помалку моќна верзија со погон на задните тркала.

BMW iX7 ќе биде електрична верзија на X7 со три реда седишта, а овој модел е потребен за да му парира на теренецот EQS на Mercedes. Сепак, тоа се очекува дури во август 2027 година. Како еден од водечките теренци на BMW, би требало да биде блиску по моќ до седанот i7, кој развива 536 КС.

Моделот iX8 ќе има опажачка линија на покривот и поостра динамика на возење во споредба со iX7. Материјалите и технологијата во внатрешноста ќе бидат врвни, односно најдобри, но во овој случај фокусот нема да биде на перформансите како во случајот со моделот XM. Бидејќи е целосно електричен, iX8 нема директно да ја канибализира продажбата на XM, кој всушност е plug-in хибрид со V8 мотор.

Последниот во низата е iX9, електричен SUV со три реда седишта позициониран над iX7. X7 моментално е најдолгиот модел во гамата на BMW, но има уште поголеми теренци како Rolls-Royce Cullinan и Cadillac Escalade ESV.

Иако Rolls-Royce е во сопственост на BMW, треба да се очекува дека iX9 ќе биде позициониран како најдобар SUV на BMW со огромна цена и неспоредлив комфор. Ќе биде помалку спортски од помалите iX модели, а задните седишта ќе бидат опремени со сите „BMW играчки“ вклучувајќи го и екранот Bishop кој дебитираше во новата серија 7. Rolls-Royce исто така се префрла на електрични модели, па iX9 може да има многу заедничко со идниот електричен Cullinan.

Сите електрични теренци се очекува да го усвојат дизајнерскиот јазик на BMW за електрични возила, како што се сините надворешни детали и значки и уникатна графика на инструментите.

Засега не се знае кога ќе пристигнат iX8 и iX9, но не се очекуваат пред помалите модели.