BMW M не се откажува од мануелните менувачи!
Новиот BMW M2 дебитираше претходно овој месец со прилично контроверзен дизајн, барем за дел од фановите на брендот. Сепак, неговиот погонски систем е таков што го тера секој автомобилски ентузијаст да се згрози
Овој модел е едно од ретките возила на пазарот со високи перформанси, а достапно со мануелен менувач. Навистина, вистинско задоволство е да се извести дека конфигурацијата со три педали останува опција од компанијата позната по производството на автомобили кои се привлечни за возење. Така ќе биде до крајот на оваа деценија.
„Рачните менувачи, за жал, не се толку присутни како порано. Тие се во сегментите М2, М3 и М4, а ние ќе продолжиме да нудиме мануелен менувач во тие модели и така ќе биде до крајот на оваа деценија“, вели шефот на BMW М одделот, Френк ван Мел.
Очигледно, онлајн петициите и кампањите, упатени до различни производители од страна на автомобилски ентузијасти, биле корисни. Тимо Реш, потпретседател на одделот за клиенти, бренд и продажба на BMW M, додава дека компанијата има „база на клиенти кои организирале онлајн петиции и гласале за зачувување на мануелниот менувач.“ Се чини дека овој онлајн формат овој пат има ефект.
Сепак, не било лесно да се мотивираат директорите на BMW да дадат „зелено светло“ на традиционалниот менувач. Тимо Реш вели дека инженерите се прашуваат зошто некому би му требал рачен менувач кога автоматиката е побрза, но одделот за маркетинг дал едноставен одговор: „Фановите го бараат тоа“.
И, го добија новиот М2, кој е „последниот Мохиканец“ кога станува збор за избегнување на електрификацијата. Шестстепениот мануелен менувач е стандарден кај овој модел во САД, додека во Европа е опционален и мора да се плати. Мануелен менувач е достапен и на М3 и на М4 и така ќе остане најмалку до 2030 година.