Ограниченото издание на двата модели ќе брои 900 и 200 единици, соодветно

Баварскиот производител на автомобили објави дека подготвува ограничено издание од моделите BMW i3s Edition RoadStyle и BMW i8 Ultimate Sophisto Edition, кои ќе бидат достапни во 900 и 200 примероци, соодветно.

За купе и родстер моделот BMW i8, специјалната модификација ќе значи и крај на сериското производство, се вели во соопштението од германската компанија. За i3 таква назнака нема. Сепак, барем според првичните податоци, компактниот електричен автомобил нема да има следна генерација. 

Технички, нема промени во моделите. Хечбекот i3s се придвижува со електричен мотор од 184 КС и 270 Nm вртежен момент, што овозможува забрзување до 100 km/h за 6,9 секунди. Батеријата од 42,2 kWh обезбедува автономија од 270-285 километри.

BMW i8 е опремен со 1.5-литарски турбо агрегат, дополнет со електричен мотор и стартер-генератор. Комбинираната моќност на системот е 374 КС, а максималниот вртежен момент е 570 Nm. Забрзувањето до 100 km/h трае 4,4-4,6 секунди во зависност од типот на каросеријата, а благодарение на батеријата со капацитет од 11,6 kWh, моделот може да патува 53-55 километри само на електрична енергија. Просечната потрошувачка на гориво не надминува 1,8 l / 100 km.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1RrlG8tqO8jEFZzIuMSPkZo7KChfergrW” maxheight=”70%” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Производството на верзиите RoadStyle и Ultimate Sophisto ќе започне на крајот на 2019 година, така што цените ќе бидат објавени непосредно пред да започне продажбата. За баварската компанија се вели дека веќе има неколку модели кои ќе ги заменат i3 и i8.