Промената на бојата на надворешноста на автомобилот со притискање на копче звучи како научна фантастика, но оваа технологија се развива повеќе од десет години

Ова е нешто што допрва треба да влезе во сериско производство, но новиот концепт BMW iX Flow покажува како сето тоа би можело да изгледа. Засега не може да се промени од црвена во црна боја, а потоа во сина, но iX Flow претставен на овогодинешниот CES е одличен прв чекор во таа насока.

Концептот на BMW својата способност да ја менува бојата ја постигнува со користење на E Ink, компонента што се користи за создавање дисплеи за електронски читачи, како што е Kindle на Amazon. BMW го „обложиl“ iX со слој кој содржи милиони микрокапсули од E Ink, што е еднакво на дебелина на човечко влакно. Секоја капсула е исполнета со бели пигменти со негативен и црн со позитивен полнеж. Електричното поле потоа предизвикува акумулација на бели или црни пигменти на површината на микрокапсулата.

Преминот од сиво во бело можеби не изгледа како големо достигнување, но оваа едноставна варијабилна палета е остварлива во пракса, а ова се и најчесто користените нијанси при продажба на нови возила. Од BMW додаваат дека менувањето на бојата на автомобилот од бела во сива може да помогне да се загрее или лади внатрешноста на автомобилот, во зависност од сезоната. Одбивањето на сончевите зраци од белата боја може да помогне во текот на топлите летни денови, додека апсорпцијата на топлина од страна на црната боја го намалува времето потребно за загревање на кабината во зимските денови.

[useyourdrive dir=”1IGUu8rQrY-QPtvIme38hKskbmqhGft9N” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Оваа електрофоретска технологија е енергетски ефикасна, но потребна е само при промена на бојата. BMW ја рекламира оваа технологија како начин клиентите дополнително да ја изразат својата индивидуалност. Од друга страна, Баварците не кажуваат дали оваа технологија во иднина ќе биде достапна во сериски автомобили или ќе биде достапна само како опција за персонализација.