Возачите на BMW одамна ги бие глас дека не се многу расположени да возат според сообраќајните правила. Сега и самиот BMW донекаде ја потврди оваа теза обраќајќи им се на своите фанови

На возачите на BMW често им се припишува дека возат агресивно, честопати кршејќи ги правилата и не се грижат за другите учесници во сообраќајот. Сакаат нагло да забрзуваат и да менуваат лента, а во маневрите речиси никогаш не користат индикатори за насока. Американската филијала на BMW затоа решила да им се обрати на своите фанови и корисници. BMW им се обрати преку Twitter со порака да користат трепкачи, а па објавата набрзо доби над 14.000 лајкови.

Објавата донесе и бројни коментари, а BMW активно се вклучи во се, велејќи:

„Знаеме дека возачите на BMW се најдобри, но патот може да биде непредвидливо место“.

Во продолжение на својата објава BMW нагласува дека нивните автомобили токму по прашањето на безбедност се богато опремени и имаат бројни системи поврзани со промена во насоката на движење на возилото, како што е предупредување за ненамерно менување лента, предупредување за замор на возачот, систем за избегнување во урбани услови…

Некои во коментарите се претвараат дека и не знаат каде се трепкачите, за некои тоа било апсолутно непотребно затоа што возат BMW, а има и такви кои на шега велат дека треба да се автоматизираат ако навистина треба да се користат.

После долго време BMW се пошегува на своја сметка, а фановите на BMW одлично ја прифатија шегата. Сепак темата е далеку посериозна, а шегите треба да се остават за некои понеопасни теми како, на пример, ривалството со Audi по кое BMW е многу познат.

A за тоа како се активираат трепкачите во BMW, компанијата си има и видео на YouTube каналот.