И BMW одлучи да го замени гламурот на Женевскиот салон за автомобили со виртуелна платформа и на тој начин да ја претстави новината која би можела да биде клучна во блиска иднина

Новитетот добил ознака i4 и на него ќе се темели иднината на баварската компанија, барем кога станува збор за позиционирање во електричниот автомобилски сегмент. Иако станува збор само за концепт, овој автомобил е повеќе или помалку подготвен за старт, како во однос на дизајнот, така и во однос на погонот.

А, она што го нуди, освен огромните предни бубрези, е електричен погон од 530 КС. Уште поинтересно, автономијата според WLTP стандардот е поставена на 600 километри и тоа со батерии од околу 80 kWh. Оваа BMW би требало да вози над 200 km/h, додека забрзувањето до 100 km/h би траело помалку од 4 секунди.

Дигиталниот кокпит е веќе усвоен, а во i4 стигнива до ново ниво.

Покасно треба да пристигнат и други верзии со различно ниво на моќност и автономија.

Производството ќе започне следната година, се разбира, во баварските погони, чија модернизација значеше и инвестиција од околу 200 милиони евра.

Loading...