BMW има нов крал! Пред вас е монструозниот концепт XM / ФОТО+ВИДЕО
Само на струја ќе може да помине околу 50 километри, а до 100 km/h ќе забрзува за помалку од четири секунди
BMW ја претстави концептната најава на својот нов SUV модел кој на пазарот ќе се појави следната година. Како што можете да се види од премиерните фотографии, новитетот на М одделот на Баварците изгледа навистина брутално. Иако се работи само за студиска варијанта наречена XM, Баварците наведуваат дека сериската изведба нема да биде визуелно многу ублажена. Ајде да видиме.
Како и да е, BMW уште еднаш предизвика тектонски пореметувања во автомобилската индустрија, со смел дизајн и plug-in хибриден погон со 750 КС!
Лицето на новото BMW е исклучително впечатливо, а според баварскиот производител, комбинацијата на огромна решетка и тенок светлосен склоп ќе ги краси сите претстојни модели од луксузната класа. Тоа значи дека Серијата 7, која пристигнува следната година, ќе има слични визуелни решенија.
Во задниот дел доминираат невообичаено растегнатите светла и четирите издувни цевки, додека импресивниот впечаток на надворешноста го заокружуваат 23-инчните алуминиумски тркала.
Внатрешноста на баварскиот концепт е поделена на две колоритни зони. Напред се гледа познатиот кокпит со висок централен тунел, додека во вториот ред е таканаречениот M Lounge амбиент со просторна задна клупа. Инструмент таблата е интегрирана со екранот на мултимедијалниот систем, а таква форма веќе видовме кај сериските модели BMW iX и BMW i4. Панелот со прекинувачи за контрола на работата на клима уредот е интегриран во единицата со централно поставени отвори за вентилација.
Петметарскиот теренец е придвижуван од комбинација на V8 машина и електричен мотор со вкупна моќност од 750 КС и 1000 Nm вртежен момент. Поконкретни податоци за погонската група не се откриени, но се очекува XM да достигнува стотка за помалку од четири секунди. Само на струја ќе можат да поминат 50 километри.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
СТУДИО
[useyourdrive dir=”1HCaeK7LixnG1BtXGmwFNMCunYb7YtEFX” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
НА ЛОКАЦИЈА
[useyourdrive dir=”1NZDg8MwtdpLbwK7tol5ZEJzP8JEySsLJ” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
СКИЦИ
[useyourdrive dir=”19tzvoZaFiUy-fn715dfKGBXAf0orEn7I” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Автомобилот кога ќе добие сериска верзија и ќе влезе во производство, ќе се склопува во САД, каде што се произведуваат сите (вистински) кросовери на BMW, односно оние со оригинален погон на задните тркала (од X3 до X7).