Од BMW велат дека XM Label Red забрзува до 100 km/h за 3,7 секунди, што е за четири десетинки од секундата побрзо од обичната варијанта

Во идеален свет, титулата за најмоќно сериско BMW би му припаднала на суперавтомобил со средишно поставен мотор кој делува како наследник на М1. Сепак, теренците сè уште се начин за „печатење пари“ за производителите на автомобили, така што најмоќниот модел на Баварија е токму тоа – голем теренец.

Запознајте го XM во неговата зачинета спецификација Label Red. Станува збор за возило кое е долго повеќе од 5 метри и се вози на тркала од 23 инчи, а кое своето јавно деби ќе го има на Auto Shanghai во Кина.

Додека обичниот XM има „само“ 644 коњски сили и 800 Nm вртежен момент, Label Red има повеќе од 740 КС и 1000 Nm. Теренецот користи надградена конфигурација на моторот „S68“, ново развиен твин-турбо 4.4-литарски V8 кој работи заедно со електричен мотор вграден во 8-степениот автоматски менувач.

Самиот моќен мотор со внатрешно согорување сега произведува повеќе од 580 КС и 750 Nm вртежен момент, што е дополнителни 94 КС и 100 Nm во однос на стандардниот модел. Електричниот мотор произведува 200 КС и 279 Nm, така што оваа бројка останува непроменета споредено со стандардниот XM. Слично како и во основниот модел, постои степен кај претходниот запчаник за зголемување на максималниот вртежен момент на 452 Nm.

Благодарение на новата моќност, од BMW велат дека XM Label Red забрзува до 100 km/h за 3,7 секунди, што е за четири десетинки од секундата побрзо од обичната варијанта. Сè на сè, ќе достигне електронски ограничена максимална брзина од 250 km/h или 282 km/h доколку се одлучите за M Driver’s Package.

За да го издвои од обичниот XM, BMW применува црвени „Торонто“ акценти на страните од спортскиот теренец, како и околу моќните бубрези. Ќе забележите и црвени влошки на тркалата и на контурата на дифузорот. Покрај тоа, ознаките XM се исто така црвени, како и клештите на сопирачките. Label Red ќе се нуди во повеќе од 50 индивидуални бои без доплата како алтернатива на вообичаената Brooklyn Grey Metallic боја.

Марката од Минхен вели дека само „мал број“ возила ќе се продаваат со оваа мат Frozen Carbon Black боја на надворешноста. Црвените детали продолжуваат внатре каде што има натпис „1/500“ што укажува на ограничената достапност на моделот. Двобојниот кожен тапацир е резервиран за XM Label Red, кој исто така добива симбол за идентификација на Boost Mode на левата рачка од менувачот.

По премиерата на Auto Shanghai 2023, XM Label Red ќе започне да се произведува во фабриката во Спартанбург, Јужна Каролина овој август. Деталите за цените ќе бидат дополнително објавени, но бидете подготвени за многу повеќе од оние 145.000 евра за стандардниот XM.