Според најновите информации, првите луѓе на германскиот бренд се решени по завршување на животниот век на сегашните генерации на 2-Series Gran Tourer и Active Tourer да го напуштат MPV сегментот

Дека станува збор за сегмент кој полека, но сигурно умира под налетот на SUV сегментот е сосема јасно веќе неколку години. Во случајот на BMW станува збор и за нешто друго.

Во реалноста, BMW никогаш и не требало да влезе во MPV сегментот. Преден погон, три цилендерски мотори… баш и не се во согласност со она што BMW постојано се труди да го пласира.

BMW нема да понуди директни наследници, но најверојатно ќе се обиде со некој вид маневар кој ќе вклучи некој од SUV моделите во портфолиото на германскиот бренд.

Најдобрата година во однос на продажбата на 2-Series e 2016 година, кога во Европа беа продадени повеќе од 100.000 примероци. Од тогаш, продажбата континуирано е во пад, за минатата година да бидат продадени 68.000 единици на европските потрошувачи.

Најновите податоци покажуваат дека тековната година ќе биде уште полоша од претходната, па елиминацијата на овие модели е многу логичен потег.