BMW ги најави последните автомобили со V12 мотор
Серијата е насловена како Final V12 и ќе се понуди во строго ограничена количина
BMW е уште еден производител кој ќе го елиминира V12 моторот од својата понуда. Последниот модел кој може да го „понесе“ е Серија 7 M760i xDrive. Точно 12 примероци ќе бидат испратени во Америка, а ќе бидат препознатливи по специјалната етикета за серијата и новиот дизајн на тркалата од 20 инчи. Почетната цена ќе биде од околу 200.000 долари.
Како потсетување, под хаубата се наоѓа 6.6 V12 кој со помош на две турбини дава 609 КС. Моќта се пренесува на задните тркала преку 8-степен автоматски менувач. Автомобилот до стотка стигнува за помалку од 4 секунди и лесно ги достигнува ограничените 250 km/h.
Производството започнува во јуни, а првите испораки се очекуваат еден месец подоцна. Интересно, BMW ќе го понуди автомобилот првенствено на клиентите кои веќе ја докажале својата лојалност кон BMW и во минатото избрале токму таква комбинација од голем седан и V12 мотор.