BMW е најпопуларниот автомобилски бренд во светот на TikTok! Кои се останатите во Топ 10?
Според британскиот портал за споредба uswitch.com, BMW има 17,6 милијарди прегледи на TikTok
Дали може да се измери популарноста на одредена автомобилската марка? Интернетот го овозможува тоа. На видео платформата TikTok, победникот е јасен. Првично, видео платформата TikTok се занимаваше со снимање кратки музички видеа и танцови клипови. Во меѓувреме, работите се сменија и на TikTok може да видите се и сешто.
Автомобилските компании исто така го открија TikTok за себе. Социјалните медиуми се особено добар показател за популарноста на еден бренд, а податоците за продажбата овде се секундарни, бидејќи не секој фан на Ferrari може да си го дозволи тоа. Судејќи според прегледите на TikTok, BMW е на првото место. Според британскиот портал за споредба uswitch.com, BMW има 17,6 милијарди прегледи на TikTok. Оваа бројка се однесува на прегледите на сите видеа со хаштагот BMW до крајот на март 2021 година.
Баварскиот бренд е на врвот со голема разлика. Mercedes e на второто место со 9,1 милијарди прегледи. Последното место на подиумот го зазема Lamborghini. Еве како изгледа најдобрата десетка.
- BMW (17,6 милијарди прегледи)
- Mercedes (9,1 милијарди прегледи)
- Lamborghini (8,3 милијарди прегледи)
- Tesla (7,2 милијарди прегледи)
- Audi (7 милијарди прегледи)
- Ford (6,5 милијарди прегледи)
- Honda (6,34 милијарди прегледи)
- KTM (5,5 милијарди прегледи)
- Ferrari (4,9 милијарди прегледи)
- Jeep (4,3 милијарди прегледи)
Погледот на листата на најпопуларни модели покажува дека Ford Mustang е на прво место. Nissan GT-R и Toyota Supra го делат второто место со 2,8 милијарди прегледи. Ова значи дека GT-R ги претставува речиси сите погледи на Nissan (3,3 милијарди), а Supra исто така има повеќе од половина од сите 4,3 милијарди прегледи на Toyota. Интересно, ниту еден од моделите на најпопуларните брендови BMW и Mercedes не е во првите десет.
- Ford Mustang (3,9 милијарди прегледи)
- Nissan GT-R (2,8 милијарди прегледи)
- Toyota Supra (2,8 милијарди прегледи)
- Chervrolet Camaro (1,5 милијарди прегледи)
- Range Rover (1,5 милијарди прегледи)
- Honda Civic (1,3 милијарди прегледи)
- Lamborghini Huracan (916,7 милиони прегледи)
- Subaru WRX (851,6 милиони прегледи)
- Lamborghini Aventador (808,8 милиони прегледи)
- Tesla Model 3 (760,6 милиони прегледи)