Запознајте се одблизу со хиперавтомобилот од 3 милиони евра

Популарниот италијански блогер Давиде Чирони добил можност да го испроба хиперавтомобилот Bugatti Chiron Pur Sport. Секако, тој не бил сам, туку со тест возачот на француската марка Лорис Бикоки.

26-минутното видео објавено на YouTube каналот на Davide Cironi Drive Experience ни дава ретка можност да се запознаеме со егзотичниот хиперавтомобил, вреден 3 милиони евра, чиј тираж е ограничен на 60 единици. Во видеото е вклучен и англиски превод.

Верзијата Pur Sport е ориентирана кон маневрирање и брзо минување низ свиоци, односно значително се разликува од стандардниот Chiron. Покрај промените во аеродинамиката, машината има и поинакви поставки за суспензијата.

Во исто време, инженерите на Bugatti ја намалиле максималната брзина од 420 на 350 km/h. Сепак, Pure Sport забрзува побрзо до 100, 200 и 300 km/h од оригиналниот модел.