Благите зими и економска криза причина за се поголемата популарност на гумите за сите сезони во Европа?!
Според Европската асоцијација на производители на пневматици (ETRMA), вкупната продажба на гуми за сите сезони во 2021 година се зголемила за 35% во споредба со една година претходно
Гумите за сите сезони (All-Season) се компромис помеѓу летните и зимските гуми. Тие се компромис затоа што во летни услови генерално не се толку добри како просечните летни гуми, а во зима не се толку добри како просечните зимски гуми. Секогаш е потребно повнимателно возење со нив, барем во најтешките зимски временски услови. Од друга страна, социо-економската состојба е таква што е тешко да се обвинат возачите. Гумите поскапеа и на возачите им е тешко да одвојат пари за два сета, па многумина се одлучуваат да купат гуми за сите сезони, чија популарност од година во година расте. Се разбира, многумина сметаат и на поблаги зими.
Според Европската асоцијација на производители на пневматици (ETRMA), вкупната продажба на гуми за сите сезони се зголемила за 35% во 2021 година во споредба со претходната година (2020). Се повеќе потрошувачи се одлучуваат за овие гуми наместо традиционалните летни или зимски гуми. Еве еден пример од Германија. Бројот на возачи кои избираат гуми за сите сезони расте со години: во 2014 година, 15 проценти од возачите изјавиле дека имаат гуми за сите сезони. До 2018 година, бројката веќе била 25 проценти. Во својата анализа на бизнисот во 2021 година, BRV (Германската асоцијација за трговија со гуми) покажува дека бројките за гумите за сите сезони се зголемуваат. За патничките автомобили и производите 4×4, уделот на гумите за сите сезони во 2021 година се зголемил за околу 2,5 проценти на приближно 27 проценти.
Имајте предвид дека никогаш не смеете да комбинирате летни, зимски гуми и/или гуми за сите сезони на ист автомобил. Бидејќи без разлика дали е топло или ладно: едната гума обезбедува многу послабо лежење на подлогата од другата. Ова може сериозно да влијае на стабилноста на автомобилот при свиоци и при сопирање.