Lamborghini во периодот јануари до декември 2021 година продал 8.405 автомобили, што минатата година ја прави најдобрата во историјата на брендот

Lamborghini објави дека во првите три месеци од оваа година продал вкупно 2.539 возила ширум светот, што и официјално најдобриот квартал во историјата на италијанската марка. Ова е зголемување од пет проценти во однос на 2021 година.

Lamborghini во периодот јануари до декември 2021 година продал 8.405 автомобили, што минатата година ја прави најдобрата во историјата на брендот 

„Добро ја започнавме годината која ќе донесе нови предизвици на глобално ниво“, вели Стефан Винкелман, извршен директор на Lamborghini. „Секој месец нарачките што ги добиваме го надминуваат нашето производство. Во моментов имаме доволно за удобно да покриеме повеќе од 12 месеци производство.

Lamborghini го дели светот на три макро-региони, а најдобро му оди во оној кој се нарекува EMEA (Европа, Блискиот Исток и Африка), кои сочинуваат 40 отсто од продажбата на брендот. Америка учествувала со 32 отсто од продажбата, додека 28 отсто од произведените Lamborghini модели отишле во азиско-пацифичкиот регион. Продажбата се зголемила на сите пазари, освен Русија, каде Ламбо ја прекина работата.

Повеќето клиенти се одлучуваат за теренецот на компанијата, односно Urus учествува со речиси 61 процент од продажбата. Lamborghini во првиот квартал од 2022 продал вкупно 1.547 Urus, 844 Huracan и 148 Aventador, кој е при крај на производниот циклус. И покрај малата продажба, производителот е возбуден околу наследникот на Aventador, хибридниот V12 суперавтомобил кој ќе пристигне следната година.

Во блиска иднина, Lamborghini планира три автомобили, вклучувајќи две варијанти на Urus и еден Huracan, кои би требало да помогнат во понатамошната продажба.