Според истражувањето на норвешката осигурителната компанија Gjensidige, ​​30 проценти од возачите се нервираат поради луѓе кои избираат погрешна лента во кружен тек

Поминати се 40 години откако се изградени првите кружни текови во Норвешка, а многу возачи се уште не ги разбираат. Најголемата неизвесност е кај помладите возачи. Меѓу оние на возраст под 40 години, секој петти возач не е сигурен која лента да ја избере низ кружните текови, а 15 проценти не знаат како се пропуштаат возилата, се вели во истражувањето спроведено од Ipsos за норвешката осигурителна компанија Gjensidige. Сосема е поинаква ситуацијата меѓу оние на возраст над 40 години. Малкумина се оние кои не знаат кој има предност во кружните текови, а уште помалку оние кои не се сигурни во изборот на сообраќајна лента во кружните текови со повеќе ленти.

Според истражувањето на осигурителната компанија Gjensidige, ​​30 проценти од возачите се нервираат поради луѓе кои избираат погрешна лента во кружен тек.

Сепак, несреќите во кружните текови се ретки, а оштетувањето на возилата е помало отколку на класичните крстосници.

Сигурни сме дека резултатите би биле уште „поинтересни“ ако некој направи слична анкета со македонските возачи.