
Без сензор за отпечаток од прст: Наскоро доаѓа новиот Samsung Note
За три месеци, Samsung би требало да ја претстави новата генерација на Galaxy Note, телефон со голем екран и врвен хардвер
Откако во февруари Samsung ги лансираше Galaxy S9 и S9 +, јужнокорејската компанија се подготвува да го лансира нов модел предводник од серијата Note. Официјално, се разбира, ништо не е познато, но оваа недела на интернет се појавија некои гласини за опции кои би требало да ги има новата генерација на пионерот во категоријата phablet-и.
Во споредба со претходната генерација, новиот Note ќе има сличен 6,3 инчен дисплеј, и не треба да се очекуваат никакви радикални промени во дизајнот. Хардверски гледано, Note 9 би требало да ги има класичните опции од последните најдобри паметни телефони – Snapdragon 845 и 6GB RAM меморија, додека телефонот ќе се испорачува со Android 8.1 Oreo, кој сигурно подоцна ќе може да се надгради со претстојната Android Р верзија.
Капацитетот на батеријата треба да биде 3850mAh, а ќе поддржува и брзо и безжично полнење. Од останатите опции треба да се споменат камерата со двоен отвор на блендата, како кај моделот S9, подобрена предна камера за автопортрети и уште подобар S-Pen. Note 9 ќе има поддршка за новата генерација на Samsung гласовниот асистент Bixby, а во продажба ќе се појави и верзија со два слота за SIM картички.
Една од опциите за која претходно се дискутираше, но која сепак нема да се појави во новиот Note, е сензорот за отпечаток од прст интегриран во екранот на телефонот. Оваа технологија е веќе вклучена во некои модели на паметни телефони, па се споменуваше дека Samsung веројатно ќе ја имплементира во наредниот Note. Се чини дека, барем оваа година, тоа нема да се случи.
Како и минатата година, новиот Note се очекува кон крајот од август, пред почетокот на IFA конференцијата во Берлин.