BMW најавува нови електрични модели, но тоа не значи дека става точка на SUS моторите

Во 2020 година, баварскиот производител ќе лансира уште еден електричен модел – на BMW i3 ќе му се придружи електричниот теренец BMW iX3. Сепак, компанијата е свесна дека електрификацијата на автомобилската индустрија нема да се случи „преку ноќ“ и дека целиот процес на транзиција од SUS мотори во електрични погонски системи ќе трае неколку децении.

Ова го потврдува шефот на развојно-истражувачкиот центар на BMW, Клаус Фролич, кој за Automotive News Europe вели дека 4 и 6-цилиндерските турбо дизел мотори ќе преживеат најмалку уште 20 години, додека бензинците ќе бидат достапни уште најмалку 30 години.

Сепак, некои SUS мотори нема да траат толку долго, а меѓу нив е и V12, за кој Фролих предвидува дека нема да се прави по 2023 година.

Како што вели тој, BMW продава само неколку илјади автомобили со оваа погонска единица на годишно ниво, а во прилог на V12-ката не одат ниту се построгите европски регулативи за издувни гасови.

Што се однесува до дизелите – Клаус Фролих вели дека BMW планира да ги „пензионира“ 1.5-литарските 3-цилиндерски мотори, како и quad-turbo дизел единиците, како оној во M550d.