Иако производителите на автомобили заработуваат огромни пари и форсираат електрификација, конвенционалниот погон ќе продолжи да биде доминантен и во следната деценија

Стивен Хартунг од Bosch, најголемиот снабдувач со компоненти и авто делови, посочува дека 75% од моторите до 2030 година ќе бидат бензинци и дизели.

„Станува збор за многу чисти бензински и дизел мотори. Ќе мораме да работиме напорно за да ги исполниме еколошките стандарди“, вели Хартунг. „Медаљата има две страни. Од една страна, индустријата мора да му служи на пазарот. Од друга страна, таа мора да развие нови технологии поради новите потреби“.

Хартунг е убеден дека 20% од сите електрични возила во рок од десет години ќе се снабдуваат со енергија од горивни ќелии.