Бензините повторно поскапуваат, дизелот останува со иста цена!
Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 01.03.2021 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 45,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 35,843 ден/кг.