Bentley Continental GT е новиот крал на Pikes Peak / ВИДЕО
Bentley Continental GT со Риз Милен зад воланот е новиот рекордер на познатата планинска патека во Колорадо, Pikes Peak
Патеката долга 19,98 километри со вкупно 156 свиоци, Риз Милен со Bentley Continental GT ја минал за 10.18,488 минути со што и официјално автомобилот е рекордер во класата на сериски автомобили.
Фабричкиот Bentley Continental GT е опремен со 6.0-литарски V12 со 635 КС и очигледно не му пречи пореткиот воздух на оваа нагорнина искачувајќи се од 2.835 на 4.298 метри надморска височина.
Инаку Bentley го држи рекордот на Pikes Peak и во категоријата на SUV автомобили. Времето на моделот Bentayga е 10.49,9 минути.