До пред неколку години, клучен фактор за купувачите при купување автомобил беше погонскиот агрегат. Сега се чини дека тоа е технологијата

Ова се случува благодарејќи на новите генерации, односно таканаречените „милениумци“ или луѓето родени во почетокот на осумдесеттите до раните години на овој милениум.

Припадниците на оваа генерација сега се меѓу носителите на глобалната економска моќ, а истражувањата покажуваат дека тие се одговорни за една третина од продадените автомобили во Северна Америка, процент кој е во пораст. Разликата меѓу нив и претходните генерации е во афинитетите.

На овие луѓе еден од клучните фактори им е пристапот до „живи“ информации, односно комфорот, удобноста и мобилноста, со што значително се менува сликата на индустријата. Затоа модерните модели на производителите на возила се фокусираат на технологии за поврзување и автономно возење.

Последен пример за тоа е новиот Audi Q3, специјално дизајниран за да одговара на барањата на „милениумците“. Иако не е толку напреден како A8, кросовер моделот има дигитална контролна табла со екран на мултимедијалниот систем од 10 инчи.

Останатите технолошки карактеристики вклучуваат гласовна команда, интернет конекција и разни системи за помош при возење.