Најпопуларниот британски веб-сајт за продажба на користени возила AutoTrader креираше листа на петте најпопуларни семејни автомобили во Европа

Изборот на семеен автомобил никогаш не бил побогат од денес, бидејќи возилата доаѓаат во многу облици и големини. Така изгледа и листата на AutoTrader – од градски кросовер модели до SUV со седум седишта, а сосема е јасен фокусот на издржливоста, практичноста, сигурноста, трошоците за одржување, како и различниот буџет на корисниците.

Петтата позиција е за Renault Captur, поткомпактен SUV, кој е базиран на градскиот модел Clio, со малку поголемо тело, зголемено растојание од земјата и поголем внатрешен простор, а автомобилот е опишан како „буцкаст теренец со маневрирачки способности на супермини”.

Следен на листата е уште еден „Французин“ – Peugeot 3008. Автомобилот сигурно ќе го привлече вниманието на минувачите, а притоа е удобен и практичен. Сепак, најдобрата неговата страна е што од MVP прерасна во „фанки“ SUV.

Ако ви треба многу поголем внатрешен простор по разумна цена и трошоци за одржување, тогаш вашиот избор е Škoda Superb. Ако ништо друго, ова пред се е паметен избор.

Škoda има уште еден адут, а тоа е SUV моделот Kodiaq, со простор за до седум патници. Добро опремен, тивок, опуштен на патот, а притоа во својата класа многу ценовно поприфатлив од конкуренцијата.

Сепак, „победникот“ на овие избори е автомобил на кој најверојатно не би ни помислиле.