Ажурираниот Kia XCeed на први скици / ФОТО
По три години од појавувањето, компактниот модел Kia XCeed наскоро ќе добие рестилизација
Поточно кажано, обновениот XCeed својата премиера ќе ја има на 18 јули, кога ќе дебитира со GT-Line опрема. Таквата спецификација со спортски изглед недостасува во гамата и треба да му помогне на XCeed да го зајакне својот статус на најпродаван Ceed.
Најавните дизајнерски скици го прикажуваат XCeed за моделната 2023 година со модифицирана значка и точкаста шема на задните светла, видено кај моделот Ceed GT / GT-Line минатата година. Исто така, ажурираниот модел ќе ги наследи дневните LED светла во форма на бумеранг од другите деривати на Ceed. Одвоените светла за магла ќе бидат преместени во фаровите, додека браникот ќе добие лажен вертикален отвор за воздух и заоблени сјајни црни украсни делови.
Целта на Kia е ажурираниот XCeed да го продава исклучиво со благи хибридни и plug-in хибридни погонски единици. Бидејќи ќе се нуди само со електрифицирани мотори, веројатно е дека почетната цена на автомобилот малку ќе порасне.
Верзијата PHEV комбинира 1.6-литарски бензински мотор, 6-степен автоматски менувач, електричен мотор од 44,5 kW и литиум-јонска батерија од 8,9 kWh која обезбедува до 60 километри електричен опсег. Вкупната моќност на системот е 139 КС и 265 Nm вртежен момент.
PHEV значи и жртвување на одредена практичност бидејќи дополнителниот хардвер го намалува достапниот товарен простор. Волуменот на багажникот на електрифицираниот кросовер е намален од 426 литри на 291 литри. Ако ви треба погон на четири тркала, ќе мора погледот да го придвижите кон новиот Sportage, бидејќи XCeed се нуди само со погон на предните тркала како и остатокот од гамата на Ceed.
Целосно спортски XCeed GT модел е малку веројатен бидејќи спортскиот третман е понуден само за моделите Ceed и Proceed.
Се очекуваат и модернизирани безбедносни системи и инфозабава, но повеќе детали
Ќе бидат обелоденети на премиерата закажана за 18.07.2022 година.