Руска компанија Avtovaz која работи како дел од групацијата Renault, објави дека донела одлука за промена на името на теренецот Lada 4×4

Ова исто така значи дека култниот модел со повисока позиција на седење се враќа на првичното име Niva, но целосното име на возилото сепак ќе биде малку подолго односно Lada Niva Legend.

Така се доаѓа до заклучокот дека Avtovaz ќе произведува три модели со индексот Niva во името, а сите три ќе имаат различни дизајни. Потсетување дека неодамна е рестилизирана верзијата која претходно се пласираше под брендот Chevrolet, сега под името, Lada Niva Travel.

Lada Niva Legend е првиот SUV модел во светот со монокок (самоносечка) каросерија која поседува постојан погон на двете осовини, со можност за заклучување на централниот диференцијал и ангажирање на редукторот, нагласува производителот. Овој модел е достапен во повеќе од десет верзии, вклучително и комерцијални, и сите освен една користат ист мотор. Станува збор за 4-цилиндерски бензински мотор со зафатнина од 1,7 литри и 83 коњски сили, кој соработува со 5-степен мануелен менувач.

Иако на официјалната веб-страница на марката Lada сè уште не е променето името на овој модел, јасно е дека цените започнуваат од 6.460 евра.

Што се однесува до Niva верзијата, која до минатото лето се нудеше со значката на Chevrolet, цените започнуваат од 8.110 евра, а под хаубата е споменатиот мотор со волумен од 1,7 литри, но кој овде ослободува 80 коњски сили. 

На крајот тука е и верзијата Lada Niva Travel која веќе се симнува од производните ленти и неодоливо потсетува на јапонскиот теренец Toyota RAV4.

Првите купувачи на Lada Niva Travel своите примероци ќе ги добијат на почетокот од оваа година. Цените допрва ќе бидат објавени.