Автосалонот во Женева за 2021 година и официјално откажан
Фондацијата која стои зад Саемот за автомобили во Женева ја откажа организацијата на овој настан и за следната година, откако голем дел од потенцијалните изложувачи се изјсниле дека веројатно нема да учествуваат
Одлуката стави крај на контроверзноста околу државната помош понудена на организаторите. Имено, државата на фондацијата понудила 11 милиони швајцарски франци. Она што е уште поважно е тоа што Фондацијата која го организира салонот ќе ги продаде правата на компанијата Palexpo, кој управува со просторот што е сцена на овој настан.
Фондацијата е една од десетици организации во и околу Женева – меѓу кои и домот на Светската здравствена организација – која ги откажа или суспендираше големите јавни настани уште од почетокот од оваа година поради пандемијата на коронавирус.
„Фондацијата сега бара финансирање од банките и инвеститорите за да преживее“, изјави директорот Сандро Месчита за швајцарскиот весник „L’Agefi“ на почетокот од овој месец. „Ако не се стори тоа, целата компанија може да биде пуштена во продажба“, додава Месчита.
Првите луѓе на најголемите светски производители на автомобили, вклучувајќи ги и Volkswagen AG и Toyota Motor Corp., обично присуствуваат на изложбата во Женева, која за прв пат беше основана во 1905 година.