Автомобилите се потешки. Најтешкото BMW тежи скоро три тони!
Автомобилите „се дебелеат“ веќе со децении, и во однос на растот на димензиите и во однос на масата
Познато е, барем за повеќето, дека новото Polo по габарит ги надмина постарите генерации на Golf, а оние кои не се толку злобни ќе се сетат дека тоа важи и кога е цената во прашање.
Сега, згора на се, се поприсутна е и електрификацијата. Иако носи позитивни трендови во однос на загадувањето, факт е дека растечката популарност на големите автомобили, без разлика дали се теренци или некои други сегменти, добар дел од позитивните ефекти делумно се поништуваат.
На пример, кога станува збор за BMW, новата „седмица“ пораснала толку многу што сега е поголема од претходната генерација во продолжена верзија. Електричната варијанта позната како i7 тежи дури 2.640 килограми, и тоа пред да влезат возачот, патниците и багажот во неа. Под целосно (дозволено) оптоварување, автомобилот тежи неверојатни 3.250 килограми.
Неодамна ажурираниот X7 е само малку подобар. Без возач тежи 2.480 килограми. И тука не е крајот, бидејќи серискиот XM ќе биде потежок од претходно споменатите два модели.
Ако мислите дека масата на автомобили ќе продолжи да расте во иднина, BMW не се согласува со тоа. Имено, шефот на проекти во BMW Кристоф Фагшлунгер во неодамнешно интервју потврди дека споменатите модели се максимумот што нема да се надмине.
„Мислам дека автомобилите во иднина нема да бидат уште потешки, а за тоа има низа причини. За нас како компанија која нуди патнички автомобили, сепак е можно да ги исполниме сите барања во рамките на законски пропишаните ограничувања“, вели Фагшлунгер за CarSales.
И ако се прашувате кој е виновен за толку големиот раст на масата, треба да знаете дека не е сè до електрификацијата. Значајно е и влијанието на зголемените барања во однос на луксузот и удобноста. Така, Фагшлунгер открива дека само возачкото седиште денес е 40 килограми потешко отколку пред 20 години.
„Растот на автомобилот природно ќе заврши еден ден кога повеќе нема да може да се смести во гаража или нема да може да ја задржи лентата при вртење. И тој ден е многу блиску. Повеќе удобност не носи дополнителна тежина. Технологијата станува попаметна. Вибрациите при возење можете да ги поништите со дополнителна маса, но и со активен систем за поништување на бучавата“, вели Фагшлунгер.