Оваа боја беше претставена во овогодинешното издание на Гинисовата книга на рекорди и ги одржува површините толку ладни што може да ја намали потребата за климатизација

Научниците од Универзитетот Пердју неодамна развија бела боја која ја одбива топлината, но сега отидоа чекор понатаму и ја подобрија формулата. Тие развија нова формула за бела боја која ja прави потенka и полесна како и идеална за одвраќање на топлината од автомобили, возови и авиони.

„Ме контактираа сите, од производители на вселенски летала преку архитекти до компании за облека и обувки“, вели Ксиулин Руан, професор по машинско инженерство во Пердју и еден од авторите на оваа боја. „Тие главно имаа две прашања: каде можат да ја купат“.

Изворната бела боја користеше наночестички на бариум сулфат за да рефлектира 98,1% од сончевата светлина, ладејќи ги надворешните површини повеќе од 4,5 °C под температурата на околината. Значи, ако го покриете покривот на вашата куќа со таа боја, би можеле да го разладите домот со многу помала употреба на клима уред. Но сепак имаше проблем.

„За да го постигнеме ова ниво на ладење, моравме да нанесеме слој боја со дебелина од најмалку 400 микрони“, вели Руан. „Ова е во ред ако нанесувате боја на цврста неподвижна структура, како што е покрив на зграда. Но, во апликации кои имаат прецизни барања за големина и тежина, бојата мора да биде што е можно потенка и полесна.

Така, тимот на Руан започнал да експериментира со други материјали, поместувајќи ги границите на способноста на материјалите да ја распрснуваат сончевата светлина. Нивната најнова формула е нано-порозна боја која содржи хексагонален бор нитрид како пигмент, супстанца која најмногу се користи во лубрикантите. Оваа нова боја го постигнува речиси истиот репер на сончевата рефлексија (97,9%) со само еден слој боја од 150 микрони (0,15 mm на сликата погоре).

„Хексагоналниот бор нитрид има висок индекс на рефракција, што доведува до силно расејување на сончевата светлина“, вели Андреа Феличели, доктор по механички инженеринг во Пердју, кој работел на проектот. „Честичките од овој материјал имаат и уникатна морфологија, која ја нарекуваме нано плочки“.

Бојата содржи и воздушни празнини, што ја прави високо порозна на нано скала. Оваа помала густина, заедно со тенкиот слој, обезбедува уште една голема придобивка: намалена маса. Поновата боја тежи 80% помалку од бојата со бариум сулфат, но постигнува речиси идентична сончева рефлексија.

Сето ова значи дека новата бела боја може да се примени на автомобили, возови…